Денешниот протестен марш на иницијативата За заедничка Македонија почна пред Владата на Република Македонија, а продолжи пред Собранието.
Иницијаторите ги повторија своите барања дека се за заедничка Македонија, а се против платформи направени во странски држави. Посочија дека се за македонска платформа направена во Македонија, која ќе ги брани интересите на сите граѓани.
– Само нашето присуство, секојдневно, бројноста, распореденоста низ Македонија ќе не одржи заедно, за да го зачуваме она што се залагаме, изјави Борис Дамовски од иницијативата.
Народниот уметник Стефче Стојковски рече дека е за зачувување на унитарноста на нашата држава, македонскиот идентитет и културен ентитет.
– Да го зачуваме македонскиот јазик, јазикот во кој е запишан кодот на Македонецот. Јасно и гласно зборувам на мојот мајчин македонски јазик да чујат сите кои го негираат мојот јазик, моето постоење, култура, фолклор, црква. Да го докажеме постоењето на македонската нација, на Македонецот и на македонското фолклорно богатство, порача Стојковски.
Освен во Скопје вечерва протести со поддршка за граѓанската иницијатива се одржаа во уште 20 градови. Од Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ најавија протестен марш и утре во 17 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“