| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски: Доколку сега се прифати албанската платформа, во иднина ќе се промени изгледот на сегашната Македонија

Ова не е криза од пред 2 години, кога почнаа протестите, ова е долгогодишно малтретирање на македонскиот народ од меѓународната заедница, вели во Топ Тема на телевизијата Телма еден од организаторите, Борис Дамовски.

Доколку само во странска држава можат да седнат четири политички партии од Македонија, тогаш имаме сериозен проблем, посочи Богдан Илиевски.

Тој прашува од каде се тврдењата дека ВМРО-ДПМНЕ ја прифатиле албанската платформа? Посочувајќи дека доколку ВМРО-ДПМНЕ ја прифатила платформата, тогаш сега ќе имавме влада.

Граѓаните кои сега протестираат не ја претставуваат ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, туку се загрижени од сегашната ситуација, потенцира Илиевски.

Тој вели дека доколку сега се прифати албанската платформа, во иднина ќе се промени изгледот на сегашната Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top