| четврток, 6 декември 2018 |

Велика Стојкова: Од надвор од други земји ни кројат планови

Во Македонија секогаш живееле многу народи Македонците кои се мнозинство во оваа држава секогаш имале соживот, погледнете ја чаршијата, погледнете ги сите наши творби, умотворби, песни, нашата архитектура, науката која се промовира не само со македонските вредности туку и со сите народи и сите култури кои се дел од нашата земја, изјави Велика Стојкова, етномузиколог.

-Дали знаете дека македонскиот јазик е признаен секаде низ светот заедно со се неговите дијалекти, но не само македонскиот јазик, и албанскиот, и турскиот, ние заедно ги прославуваме празниците, носиме мартинки и Македонците и Албанците и затоа сите не знаат, ние промовираме живот, ние сме живееле и ќе живееме заедно, но без некој од надвор да ни кажува како да живееме, вели Стојкова.

Македонската песна секаде се слуша и пее и нашата песна секаде се препознава како македонска, посочи Стојкова на вечерашниот собир „За заедничка Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top