| четврток, 6 декември 2018 |

Организаторите на Ролан Гарос нема да ги прекршат правилата, Шарапова останува без вајлд-карта

marija sarapova

Организаторот на вториот гренд слем во годината одлучи да не ги прекрши правилата и да го одбие барањето на руската тенисерка која што се наоѓа под суспензија.

Марија Шарапова сепак, нема да ја гледаме на „Ролан Гарос”. Руската тенисерка чија што суспензија истекува во април, аплицираше за вајлд-карта на гренд слемот во Франција, но, по се изгледа нема да ја добие.

Раководните луѓе на овој грен слем одлучија да не ги прекршат правилата кои велат дека не смее да се даде вајлд-карта на тенисер кој е под суспензија. Иако таа истекува наредниот месец, тоа нема да ја промени нивната одлука.

Русинката доби покани од турнирите во Штутгарт, Рим и Мадрид. Според организаторот, Русинката ќе ги има сите права како и останатите тенисери кога ќе истече суспензијата која беше донесена поради користење на недозволиви средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top