| четврток, 6 декември 2018 |

Рафа Надал се лизна пред Сем Квери, Американецот е освојувач на Акапулко

sem kveri

Американецот, Сем Квери е освојувачот на АТП турнирот од серијата 500 во Акапулко (Мексико), откако во завршниот меч направи големо изненадување и го доби Рафаел Надал со 2-0 (6:3, 7:6) во сетови.

Во овој дуел Рафа влезе со беспрекорен учинок на овој турнир, две титули (2005 и 2013) и 14 победи без загубен сет, меѓутоа тоа како да му даде дополнителна енергија на противникот за подобар резултат и на крајот успеа во тоа и намали на 4-1 во мегусебните пресметки со Шпанецот.

– Дефинитивно ова е турнир кој ќе го паметам до крајот на мојот живот. Ова беше една од тие недели во кои бев во ритам и се фукционираше за мене. Се надевам ќе продолжам вака – посочи Квери кој испиша нова историја во Акапулко, односно стана првиот тенисер од САД кој триумфирал на истиот.

Ова за Сем е деветти пехар во кариерата, втор од серијата 500, а до него стигна со победи над играчи како Гофан, Тим, Кирјос и Надал. Со новиот успех Квери се најде на 26 позиција на АТП листата што е негов највисок пласман од август 2013.

Надал пак пропушти шанса да влезе во одбрано друштво поточно да дојде до 70 титула во кариерата и на тој начин да им се приклучи на Џон Мекинро (77), Роџер Федерер (89), Иван Лендл (94) и Џими Конорс (109).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top