| четврток, 6 декември 2018 |

„Сандеј Експрес“ тврди, Алегри ќе ја преземе клупата на Арсенал од следната сезона!

alegri

Веќе неколку седмици низ италијанките медиуми се пишуваше дека тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри по завршувањето на сезоната ќе ја напушти „старата дама“, а утрово веќе неколку британски медиуми објавија дека Италијанецот е главен кандидат да седна не менаџерското столче на Арсенал.

Имено, „Сандеј Експрес“ пишува дека Алегри веќе одлучил да го напушти Јувентус и стапил во контакт со раководството на „топџиите“ за евентуална соработка. Сепак, за овие шпекулации да станат реалност потребно е сегашниот предводник Арсен Венгер да го напушти клубот и местото да му го препушти на далеку помладиот Алегри.

Венгер веќе подолг период е без трофеј од големите натпреварувања, а синоќешниот убедлив пораз од Ливерпул (3-1) е само доказ плус дека неговото време е веќе поминато и за доброто на клубот треба доброволно да го напушти Арсенал, каде владее цели 21 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top