| четврток, 6 декември 2018 |

Заев е дел од поголема операција за слабеење на државата со цел промена на името

Слабеење на државата со цел промена на името е главната цел на операцијата за промена на власта, чиј главен инструмент е лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Станува збор за една поопширна операција чие сценарио почна со стекнувањето на Заев со илегално снимани и креирани материјали, потоа продолжи со обид за изборен и постизборен инжинеринг, па со игнорирање на волјата на мнозинството Македонци дадена на слободните парламентарни избори.

Следуваше креирање на албанската платформа од Еди Рама чија цел е редефинирање на државата и инсталирање на „тиранска влада“ со клучно соросово влијание, за да на крај се промени името на Македонија.

kol225-1-zaev-alb-1

Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ова јасно го кажа во интервјуто на ТВ Сител, посочувајќи дека целта е името, а сценаристот планирал тоа да се одвива низ 4 фази.

– Основната причина на целата операција за рушење на власта и носење на Заев е слабеење на државата со цел промена на името и идентитетот на Македонците. Главната причина за целата оваа операција што ни се случува од некои надворешни центри е промена на името на Република Македонија и на идентитетот на Македонија и тоа е целата цел што се случуваше во изминатите 2-3 години. Ова со двојазичноста е секундарно и се случува сега, а нема да застане тука, од она што сум информиран целата таа операција за промена на името се води во четири фази, истакна Груевски за Сител.

Двојазичноста, според Груевски е секундарната цел, а по неа ќе започнат подготовки и за кантонизација како следна цел. Чекор по чекор.

– Многу им пречи што во изминатите години низ разни форми и активности се подигна националната свест, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

4 фази на операцијата:

1.Создавање криза и дестабилизација,
2. Компромитирање на власта преку специјална психолошка војна и компромитирање на институциите,
3. Избори и смена на власта, нејзино елиминирање и носење на нова
4. Реализација на целите, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.

Ставот на Заев за името е веќе општо познат- дека треба да се подвитка кичмата.

Исто така, лидерот на опозицијата, своевремено во емисијата Патот кон на Алсат ТВ, велеше дека на СДСМ не му прилегаат патриотски политики.

– Како партија неколку пати се обидовме да играме на политики на патриотизмот. Но тоа на нашата партија не ѝ прилега. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме, за да бараме шанса за во иднина, за да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да глумиме патриоти, изјави Заев во Алсат М.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top