| четврток, 6 декември 2018 |

Свечено предавање на портретот на поетесата Даница Ручигај во ДПМ

Во вторник (7 март), во пресрет на меѓународниот ден на жената, во Друштвото на писателите на Македонија на свечен начин ќе биде предаден портретот на Даница Ручигај (1934-1963), чија стихозбирка „Сребрени ноќни игри“ е објавена во 1960 година.

Сликата е дело на ликовниот уметник Ставре Димитровски Стадим, а ја донира, по повод 70-годишниот јубилеј на ДПМ, Златица Поповиќ, сестра на поетесата Даница Ручигај.

На свеченоста во ДПМ за творештвото на Даница Ручигај ќе зборува Мирјана Стојановска, претседател на Клубот на поетесите при македонската писателска асоцијација, а стиховите ќе ги кажува Александра Велинова.

На средбата ќе бидат прочитани стихови од Даница Ручигај, преведени на  повеќе јазици, како и песни од членови на ДПМ посветени на поетесата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top