Зоран Заев не престанува со лажење и криење на вистината за тоа што прифатил во замена за поддршка од албанските партии за доаѓање на власт. Во најновото интервју за Хрватскиот јавен сервис, Заев фатен на прашање дали ги издал националните интереси, тој бесрамно и упорно лаже дека за претседателот Иванов било спорно тоа што било прифатена „дебата“ за знамето, грбот, химната, за што етничките заедници имале право.
Всушност, Заев ја продолжува практиката на СДСМ во последните десетина дена, да не ја откриваат содржината на договорот, иако нивниот сега веќе коалиционен партнер ДУИ јавно истакнува дека целата Платформа од Тирана е прифатена. Според тоа како настапуваат од врхушката на социјалдемократите, се добива впечаток дека ДУИ им дала бланко поддршка иако тоа го бараше написмено и документит се препраќаа на усогласување.
Уште поголема лага, извртување на фактите и базично непознавање е тврдењето на Заев по однос на барањето за декларацијата дека Македонија е одговорна за геноцид.
-Или таму има една формулација каде што се се осудуваат војски од минатиот век коишто убивале цивили во минатиот век. Некои викаат дека тоа биле српски војски, некои германски, некои италијански, некои бугарски војкски за времето на фашизмот, вторите балкански војни, и слично. Но осудата дека војски убивале цивили апсолутно не е ништо страшно – излажа Заев во интервју за ХТВ.
Тоа што Заев го крие е дека во Платформата изготвена и потпишана во Тирана и со која се изврши агресија врз внатрешната политика во земјава, во точка
1. Постигнување на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот,
став 4, децидно гласи
-„Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956“.
Овој период ги надминува „вторите балкански војни и фашизмот“, особено делот од 1944 до 1956 година. За време на Втората светска војна, партизанските единици се во судир со фашистичките платенички групи на балистите, кои под раководство на италијанските фашистички сили беа задолжени за терор на западниот дел на Македонија. СДС како наследник на комунистичката партија, а особено почитувач на постигнатото на борците, би требало малко подобро да знае кои и што биле балистите и каков терор предизвикувале врз македонското население.
Второ, уште поголем срам и за социјалдемократите и за Македонија во целост е базичното непознавање на историјата на оној кој што бара мандат за преземање на власта во земјата. Историјата точно знае и кои војски биле тука и кој се вршел терор, но и од кога е оформена и признаена Македонија како држава и Македонците како народ. Почетната година во барањето од Тиранската платформа, 1912, не е случајна, тоа е годината кога е потпишана Декларацијата за независност на Албанија којашто е потврдена со Лондонскиот договор на крајот на Првата балканска војна. Со тоа, со една ваква осуда за геноцид, страдале Албанците и некое друго непризнаено, непознато население. Притоа, како што и претходно е напоменато, ќе се амнестираат и фашистичките албански орди.
Трето, најстрашно во целата лага е убеденоста на Заев и неговите платеници дека можат да го убедат народот во нивните лаги, дека се работи за докумант „каде се осудува страдањето на цивилите“. Во тој случај, зошто Македонија да се извинува за геноцидноста на германските, српските, бугарските, италијанските фашистички војски? И зошто токму Македонија да има потреба да издаде декларација за осуда на геноцидот врз албанското население токму во зададен период?
Ваквите лаги на Заев само ги потврдуваат и исправноста на потегот на претседателот на државата, но и исправноста на реакцијата на македонската јавност, кои со денови повикуваат потпишаниот договор да биде јавно предочен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)