| четврток, 6 декември 2018 |

Истражување: повеќето мажи би им простиле неверство на своите жени!

Истражувачите од интернет порталот “Survive Her Affair” анкетирале 1,500 мажи кои што биле изневерени, па од нив дури 71% изјавуваат дека се уште ја сакаат својата жена, и покрај неверството. Дури 92% од изневерените мажи велат дека сакаат да го зачуваат својот брак или пак се неодлучни.

Истражувањето од 2012 година, спроведено од страна на интернет порталот “OurTime.com”, покажало дека најмалку 42% од возрасните работат на зачувување на врската со партнерот кој што имал сексуално неверство.

Експертите советуваат, доколку одлучите на својот партнер да му го простите неверството, потребно е да го направите следново(важи и за мажи и за жени):

Договорете се
Одредете време кое што ќе и го посветите на вашата врска. Личноста која што изневерила треба да го прекине секој контакт со личноста со која што било направено неверството.

-Побарајте извинување
Важно е неверната личност да понуди искрено и сериозно извинување, односно да ја преземе одговорноста за своите дела. Прифаќањето на извинувањето зависи од однесувањето на личноста која што изневерила, но најважно е партнерите меѓусебно да разговараат.

  Не обвинувајте се себеси
Вашата самодоверба не зависи од однесувањето на партнерот. Можете да бидете дел од решението, меѓутоа во ниту еден случај не сте причина за неверството.

Ослободете се од лутината
Искажете ја и ослободете се од лутината. Истражувањата покажуваат дека пишувањето на писмо до партнерот секогаш помага, но истото, не треба да го покажете. Исто така, разговорот со пријателите и семејството за овој настан може да биде исклучително корисен.

–  Пронајдете ги квалитетите
Направете листа на позитивните аспекти од вашата врска. Иако можеби сте тажни и лути, размислете за сите убави нешта кои што ви се случиле, па тоа ќе ви даде нов поглед кон вашата врска.

Побарајте професионална помош
Ситуацијата може да биде исклучително тешка, без оглед на тоа колку силна личност сте. Терапевтскиот поглед кон случајот може да биде исклучително корисен за вас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top