| четврток, 6 декември 2018 |

Героски пропагира насилство: Фрчкоски не тепал деца, туку делел воспитни на вмровчиња (ВИДЕО)

плусинфо

Откако на социјалните мрежи се појави видео снимка на која се гледа како поранешнот министер и кандидат на СДСМ за претседател, Љубомир Фрчковски му удира шамар на младо момче, стигна осуда од негови колеги, универзитетски професори и јавни личности.

Тројца млади луѓе го прашуваат пред еден од влезовите на правниот факултет со зборовите “дали му е срам што има такви ставови против унитарноста на државата”, на што овој возраќа со тупаници по едниот од младите луѓе. Дознаваме дека нападнатиот е средношколец, кој има неполни 17 години.

Дополнително професорот Фрчкоски во стилот на локален силеџија со погрдни зборови им се обраќа ”пичкави материна вмровска”, ”маму ти ебам”,…

vankovska-fb

-Оваа видео снимка одушевува мнозина и од Фркоски прави цар – и веројатно пример! Да, навистина се гледа дека двајца млади луѓе го следат и му приоѓаат на паркингот, но овде е професорот оној кој напаѓа физички на дофрлање и пцуе мајка вмровска. Фрчковизацијата започна како „литературен стил“, па од вербално насилство се претвори во физички пресметки (човеков е искусен кога станува збор за шлаканици). Немојте да ми кажувате дека се чувствувал загрозен – ако било така, ќе влезел во возилото, ќе повикал полиција на телефон и ќе заминел. Тој се пресметал – и ако вчера Плусинфо го фалеше за „педагошка шлаканица“ сега пишува за „дисциплинирање вмровчиња“. Побогу, универзитетски професор е, а во предачните сигурно му седат и вмровчиња, меѓу другите! Слична работа синоќа му се случила на Борис Дамовски, додуша девојки биле, а тој не врзал шлаканица, напиша универзитетската професорка, Билјана Ванковска.

jovica-mihajlovski-fb

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top