| четврток, 6 декември 2018 |

Мареј го освои трофејот во Дубаи

 

Британецот Енди Мареј го освои првиот трофеј во 2017 година, откако денеска победи на турнирот во Обединетите Арапски Емирати со 2-0, по сетови 6:3 и 6:2.

Трофејот освоен по победата против Фернандо Вердаско во финалето во Дубаи за Мареј беше вкупно 45. во неговата кариера.

Воедно, во 14-от меѓусебен меч на овие двајца тенисери, Мареј ја забележа 13. победа.

По овој триумф, Мареј ќе ја зголеми предноста на врвот на АТП листата во однос на вториот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top