Функционерот на СДСМ Љубомир Фрчкоски, кој е познат по насилното однесување во приватниот живот, уште еднаш покажа дека она што го зборува не го практикува. На оваа видеоснимка се гледа како професорот на Правниот факултет физички напаѓа млад човек кој му приоѓа во кругот на Универзитетот и го изразува своето мислење пред „уважениот професор“.
Тројца млади луѓе му приоѓаат пред еден од влезовите на Правниот факултет и го прашуват дали се срами од своите ставови против унитарноста на државата, на што овој возраќа со тупаници. Како што дознаваме, момчето е средношколец, кој има неполни 17 години.
Да биде уште посрамно, професорот Фрчкоски како локален силеџија им се обраќа на момчињата со погрдни зборови „Пичка ви материна вмровска“, „Маму ти ебам“…
Скандалозно е што универзитетски професор дели тупаници на малоетници за изразено мислење. Дополнително со ова паѓа во вода и целокупната фама создавана од опозициските перјаници дека опозиционери трпат насилство и јасно излегува на површина дека сето тоа е дел од една црна пропаганда.
Освен тоа што овој брутален напад е срамен и не му доликува на образован човек, па уште и професор кој пред се треба да е педагог, Фрчкоски за нападот на малолетник треба да одговара кривично, за што следи најстрога правна санкција. Скандалозно е што универзитетски професор задолжен за едукација на студенти, а напаѓа средношколци за изразено мислење.
Дополнително, сенка врз настанот фрла што МВР повторно се обидува да сокрие насилство направено од страна на функционер на СДСМ објавувајќи фалсификуван дневен билтен, во кој се тврди дека Љубомир Фрчковски бил нападнатиот иако од снимките се гледа дека Фрчкоски е тој кој напаѓа.
“На 03.03.2017 година во 16,30 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, од страна на непознато лице бил извршен физички напад врз Љ.Ф. (60).”, стои во фалсификуваниот полициски билтен.
За ваквиот фалсификат нужно е да се открие и пропустот во полициските редови.
Како што веќе рековме, овој испад на Фрчовски не му е прв. Против него имаше судски процес за физички напад на жена поради паркинг место.
Опозициските медиуми ваквото насилничко однесување гледано според насловите не само што го одобруваат, туку еуфорично го храбрат и потикнуваат ваквото насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)