| четврток, 6 декември 2018 |

Кепеска: Оправдан е отпорот кој што го пружаме сите заедно

Македонците својата духовност ја создаваат врз основа на јазикот и тоа не е прашање кое се разрешува со бројки, вели професорката Јована Кепеска, ќерка на Круме Кепески, автор на првата „Македонска граматика“ објавена во 1946 година.

Според Кепеска, ова е дел од една поголема и поширока програма, прв чекор во остварување на цели кои што се затскриени и кои сакаат да се остварат постапно.

Вели дека вакво сценарио имало досега, но со помали чекори и тогаш не убедувале дека тоа е во интерес на демократскиот развој и развојот на нашата земја.

-Се смета дека македонската држава е ослабена и дека моментот е избран за да остварат до крај целите со воведување на албанскиот јазик во Уставот како втор службен јазик – посочи Кепеска.

kepeska-640x386

Според неа, ова е одредена претензија на една отуѓена елита од народот, која наследува некакви стари сценарија за правење големи држави и како што вели, тоа сигурно ќе доведе до несакани последици.

-Нашиот народ ги препозна ваквите настојувања, ваквите претензии и оттаму е оправдан отпорот кој што го пружаме сите заедно и затоа што го имаме правото на таквиот оптор и заштита на сите права кои за нас се определени, вели професорката.

Порача да престанат да не манипулираат во име на демократијата и во име на хуманизмот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top