| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини се сретна со косовскиот политички врв

Високата претставничка на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедносна политика Федерика Могерини со средба со косовскиот претседател Хашим Тачи ја почна посетата на Косово.

– Посетата на Могерини се случува во најдобар момент за Косово и регионот. Имаме различни предизвици, но исти приоритети – изјави Тачи, додавајќи дека е важно ЕУ да го поддржи целиот регион во аспирациите да стане дел од Унијата.

Могерини се сретна и со претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели, со премиерот Иса Мустафа и со лидерите на парламентарните политички партии.

Таа ќе претстојува и Косовска Митровица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top