Шести март се слави како Европски ден на третманот на нарушувањата на говорот и јазикот со цел зголемување на свеста за логопедската професија и јавната свест за нарушувањата на вербалната комуникација како и нивното влијание врз човековото здравје. Пораката на овој ден е дека преку размената на знаењата и искуствата низ цела Европа може полесно да се дојде до спречувањето на овој вид нарушувања или подобра превенција од нивните можни компликации. Секоја година се предлага една тема и често се користи заеднички слоган и заеднички материјали.
Фокусот оваа година е насочен на нарушувањето на голтањето (Dysphagia), за која на јавноста ќе ѝ се овозможат многу информаци преку најразлични активности и форми, како што се:
- Инсталирање на телефонска линија, така што луѓето можат да се јавуваат и да поставуваат прашања;
- Проекции на видео, филмови, телевизиски емисии за учениците во училиштата, градинките, болниците или за ординации;
- Дистрибуција на флаери и постери во училиштата, градинките, болниците и во други установи;
- Вклучување на медиумска кампања, со написи во списанија, весници, телевизија и радио, фокусирајќи се на интервјуа со пациенти, како и со професионалци;
- Организирање прес-конференции;
- Интервјуа, да се добие увид за тоа колку се луѓето упатени во логопедската професија, како и во третманот на нарушувањата на говорот и јазикот.
- Организирање симпозиуми;
- Организирање јавни трибини;
- Средба со членовите на владини органи итн.
Дисфагија (dysphagia) претставува медицински термин за потешкотиите со голтањето. Некои луѓе со дисфагија имаат проблем со голтањето на одреден тип храна или течности, додека други не можаат воопшто да голтаат. Освен проблемот со голтањето како симптоми се јавуваат:
- Кашлање и задушување при јадење или пиење;
- Враќање на храната назад, понекогаш преку нос;
- Сензација на заглавена храна во грлото или градите;
- Перзистентно излевање на плунката или саливација.
Со текот на времето, дисфагијата, исто така може да предизвика компликации како што се: недоволна исхранетост и губење на тежината; дехидратација; чести инфекции на белите дробови заради аспирација на храна или секрет; и негативно влијание врз менталното здравје.
Што може да доведе до појава на дисфагијата?
Причини за појава на дисфагијата најчесто се други здравствени состојби, како што се:
- Состојби кои го афектираат нервниот систем, како мозочниот удар, повреда на мозокот, прогресивни нарушувања, како што е деменцијата;
- Малигнитети, како што е канцерот на уста или езофагеалниот канцер;
- Гастро-езофагеалниот рефлукс, при што стомачната киселина се враќа назад во езофагусот;
- Во детската возраст, дисфагијата може да се јави како последица на развојни и вродени нарушувања.
Лекување на дисфагијата
Третманот на дисфагијата е соодветен на нејзината причина и видот, но, тој најчесто вклучува:
- Говорна и јазична терапија, со учење на нови техники за голтање;
- Промена на конзистенцијата на храната и течностите, што ќе ги направи по безбедни за голтање;
- Алтернативни форми на исхрана, или исхрана преку носна или стомачна туба;
- Хируршка интервенција за проширување на стеснувањето на хранопроводот со негово растегнување или со вметнување пластична или метална туба позната како стент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Секоја одлука на еден ваков состав на ИК ќе води кон заедничко добро во државата
-
Активности и стратегии кои го помагаат говорно-јазичкиот развој кај детето
-
Алармантно: 2,8 проценти од децата се со висок ризик за развивање аутизам
-
6 Mарт: Европски ден на третманот на нарушувањата на говорот и јазикот