| четврток, 6 декември 2018 |

Загина кумановец, го прегазил трактор

Жител на кумановското село Косматац, вчера бил прегазен од трактор и починал на лице место, соопштија денеска од Итна Помош Куманово и потврдија од МВР.

Р.И. (78) вчера околу 10 часот поправајќи го тракторот штом го стартувал бил прегазен и починал на лице место. Веднаш било пријавено во Итна Помош Куманово, а оттаму пак бил известен СВР Куманово.

Увидна екипа на кумановската полиција извршила увид, а лекар констатирал смрт. Телото е предадено на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top