| четврток, 6 декември 2018 |

Латас: Не постои документ со кој ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа платформата, Теута Арифи лаже

Главниот и одговорен уредник во „Сител телевизија“ Драган Павловиќ Латас во гостувањето кај Миленко Неделковски, изјави дека Теута Арифи лажела дека ВМРО-ДПМНЕ ја прифатиле платформата на Албанските партии.

-Доколку постои документ дека ВМРО-ДПМНЕ ја прифатиле Платформата на Албанците, јас ќе дадам оставка од позицијата главен и одговорен уредник во Сител телевизија, а доколку нема Теута Арифи да се повлече од засекогаш од политиката – изјави Латас во гостувањето кај емисијата на Миленко Неделковски.

Тој продолжение изјави дека Али Ахмети во моментов е само формален, а не функционален лидер на партијата. Според неговите зборови во моментов Теута Арифи е помоќна од Ахмети во партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top