| четврток, 6 декември 2018 |

Протестен марш на „За заедничка Македонија“ во Кавадарци

­

kavadarci

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска одржа протестен марш во Кавадарци. Граѓани маршираа од новата црква до градскиот плоштад.

Обраќајќи се пред присутните, поетесата Вероника Костадинова рече дека сите граѓани бараат од политичките партии да изготват платформа за заедничка Македонија, тука, во главниот град на државата, и да ги отфрлат платформите пишувани во туѓи држави.

– Бараме од политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите, нагласи Костадинова.

Додаде и дека бараат од партиите, посебно од ВМРО-­ДПМНЕ и СДСМ, да не допуштат да се гласа закон за двојазична Македонија зашто тоа, нагласи, ќе биде вовед во редефинирање на Македонија. ­

– Бараме од претседателот на Ррпублика Македонија Ѓорѓе Иванов да го почитува Уставот, да не доделува мандат по истекување на рокот кој веќе е истечен зашто давањето на мандатот зa платформа од туѓа држава ќе го направи соучесник во разнебитувањето на Република Македонија, рече Костадинова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top