По петти пат сте овде со нас да ги одбраниме суверенитетот на нашата земја. Ги повикуваме сите ценети членови на политичките партии да ни се приклучат. Да ги одбраниме надпартиските интереси, бидејќи единствена партија која може да ја имаме е Република Македонија, истакна на почетокот на денешниот марш Елена Мисиркова кој е дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
-Ги повикувам нашите собраќа Албанци кои се наши македонски Албанци да ни се приклучат, заради тоа што ние со нив го делиме соживотот овде. Ни недостасувате во тоа да ја одбраниме нашата република од странски влијанија, ве покануваме да ни се придружите овде, заедно со нас. Сите заедно треба да си ги одбраниме интересите, сите заедно да направиме едно општество подобро за живот, за сите нас без исклучок, вели Мисиркова.
Таа додаде дека сите оние кои не се добронамерни да го испразнат своето срце и да се ослободат со љубовта која им ја нудат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“