| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајловски: Распишан тендер за реконструкција на три улици во општина Ѓорче Петров

ulica gorce

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на Фејсбук објави дека денеска е распишан тендер за реконструкција на дополнителни три нови улици во општина Ѓорче Петров.

– Уште една добра вест за жителите на општина Ѓорче Петров. Денеска распишан е тендер за реконструкција на дополнителни три нови улици и тоа: улица „Браќа Чакреви“ во должина од 320 метри, каде покрај реконструкција ќе се постави и атмосферска канализација и ќе се изврши осветлување на истата, потоа улицата „Гостиварска„ во должина од 237 метри и улица „Атанас Коцарев„ во должина 360 метри. Средствата за реконструкција на улиците во висина од 15 милиони денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски а проектот ќе се реализира во соработка со општина Ѓорче Петров. Освен реконструкцијата на овие улици, во моментов се гради и канализацијата во Волково инвестиција од 34,5 милиони денари како и реконструкција на над триесетина улици што беа зафатени од поплавите. Со овие инфраструктурани проекти општината Ѓорче Петров ќе ја направиме подобра општина за живеење, пишува Мисајловски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top