| четврток, 6 декември 2018 |

Дурловски: Сега е време да се одбрани Македонија (Видео)

Оперскиот пејач со светска кариера Игор Дуловски, кој е еден од предводниците на протестите „За заедничка Македонија“, во интервју за „Пулт“ на Радио Слободна Макеоднија, вели дека целта на протестите е да се спречи разнебитување на земјата преку прифаќање на Тиранската Платформа.

Иако никогаш до сега не бил ангажиран во политика вели, дека сега, неговиот инстинкт го понел на улиците во одбрана на државата. Изненаден е од масовноста и од учеството на огромен број граѓани од сите генерации. Вели дека ваквата поддршка треба да му даде сила на претседателот на државата да остане на својата одлука да не го додели мандатот на партии кои ја прифаќаат Платформата од Тирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top