| четврток, 6 декември 2018 |

Тој е најопасниот човек во светот: Не е ниту Путин, ниту Трамп, туку овој „обичен“ човек

Откако за претседател на САД беше избран Доналд Трамп, многумина побрзаа да го прогласат за најопасен човек во светот, но светските медиуми пишуваат ова тврдење не е точно и дека таа „титула“ во моментов му припаѓа на Питер Наваро.

Наваро е Трамповиот „гуру“ за трговија. Тој е автор на книгите „Смрт од страна на Кина“, „Кинеските војни кои доаѓаат: А зошто да не ги бомбардираме?“ и личност која се поврзува со сомнителни бизнис зделки, а за многумина аналитичари е „страшно голем лаик“. Неговата идеја, која тој не ја крие, е дека земјите како Кина, Јапонија и Германија го „наместиле“ светскиот трговски систем против САД и дека нивниот висок извоз е резултат на манипулација на валутите и други трговски трикови.

navaro

Во поширока смисла, Наваро смета дека е добро кога има извоз, но и дека не е страшно да се увезува, па тој само вели дека ќе цели кон максимизирање на извозот и минимизирање на увозот.

Додека ова е сосема логично, проблемот е во тоа што, како што истакнуваат бизнис екстертите, заради Наваро, Транс-Пацифичкото партнерство е мртво, повлекувајќи со себе стотици милијарди долари потенцијална добивка. Предложената американска трговска спогодба со ЕУ исто така може да падне заради овие политики како и НАФТА договорот помеѓу САД, Канада и Мексико. Токму поради ова, Наваро е прогласен за опасен по стабилноста во светот.

Неговото влијание над Трамп е огромно, предупредуваат американските медиуми, а неговите идеи можат да и нанесат огромна штета на американската, па и на светската економија. Неговата филозофија е дека Америка мора секогаш да победи, а тоа е причината поради која тој се смета за потенцијална опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top