| четврток, 6 декември 2018 |

Се продава ранчот на Мајкл Џексон (Видео)

Neverland за прв пат се најде на продажба пред две години по цена од 100 милиони долари. Ранчот сега повторно е ставен на продажба, за 67 милиони долари. На имотот има куќа, базен, зграда со кино од 50 седишта, студио за танцување, пожарникарна станица и железничка станица во стилот на Дизни.

Џексон го купи ранчот во 1987 година за 19,5 милиони долари. Славниот пејач живееше на него од 1988 година до 2005 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top