| четврток, 6 декември 2018 |

Голема радост во домот на Шехерезад (Видео)

Турската актерка Бергузе Корел, која ја запознавме во улогата на Шехерезад, која ѝ ја донесе славата, сега може да уживаме и во нејзината појава и убавиот глас.

По фантастични телевизиски успеси, Бергузе минатото лето „заплива“ во пејачки води, а нејзиниот глас ќе ве воодушеви.

Додека новата серија на познатата актерска двојка ги урива сите рекорди во Турција, тие имаат и уште една многу поважна причина за среќа и радување.

Имено, Бергузе, мајката на шестгодишниот Али е бремена и, како што вели, оваа година ќе биде една од најубавите за неа и на приватен и на професионален план, а најмногу од сѐ му се радува на пристигнувањето на второто дете за кое се уште не сака да го открие полот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top