| четврток, 6 декември 2018 |

Статусот на писателот се гради и брани со вредности

Ја­зи­кот, се мис­ли на жи­ви­от и жи­во­тво­рен ја­зик, не приз­на­ва вре­мен­ски и про­стор­ни гра­ни­ци. Ова оп­што ме­сто, што се од­не­су­ва на си­те ја­зи­ци, има осо­бе­но зна­че­ње за ма­ке­дон­ски­от ја­зик, со ог­лед на исто­ри­ски­те тра­у­ми и не­прав­ди над со ве­ко­ви уг­не­ту­ва­на­та и рас­пар­чу­ва­на ма­ке­дон­ска зем­ја, ве­ли Сми­лев­ски

Друш­тво­то на пи­са­те­ли­те на Ма­ке­до­ни­ја од­бе­ле­жи 70 го­ди­ни по­сто­е­ње. Во те­кот на овие се­дум де­це­нии пи­са­тел­ска­та асо­ци­ја­ци­ја одо­леа на кул­тур­ни­те, тран­зи­ци­ски­те, оп­штес­тве­ни­те и на еко­ном­ски­те пре­диз­ви­ци. Ка­ко гле­да­те се­га на пер­и­о­дот зад нас?

Сми­лев­ски: Се­ко­ја фа­за од оп­штес­тве­ни­от раз­вој но­се­ше ни­за пре­диз­ви­ци во из­на­о­ѓа­ње­то со­од­вет­ни по­зи­ции од кои ДПМ учес­тву­ва­ше со сво­и­те тво­реч­ки и ор­га­ни­за­ци­ски по­тен­ци­ја­ли. Ние мо­же­ме да збо­ру­ва­ме кон­крет­но за ас­пе­кти­те на тој раз­вој во кој до­мот на ма­ке­дон­ски­те пи­са­те­ли се ја­ви ка­ко кон­стан­та, сре­ди­ште и из­вор на идеи, про­мис­лу­ва­ња и дејс­тву­ва­ња во рам­ки­те на гло­бал­ни­те оп­штес­тве­ни дви­же­ња. Тие ас­пе­кти се важ­ни и не­од­мин­ли­ви, но ин­те­рес­но е да се свр­ти вни­ма­ни­е­то на тоа што прет­ста­ву­ва гла­вен мо­тив на пи­са­тел­ско­то здру­жу­ва­ње, на за­ед­нич­ко­то дејс­тву­ва­ње на авто­ри­те што во из­ми­на­ти­от пер­и­од го ба­раа и на­о­ѓаа за­ед­нич­ки­от име­ни­тел и ин­те­рес во асо­ци­ја­ци­ја ка­ко што е ДПМ. Пра­ша­ње­то е су­штин­ско би­деј­ќи тво­реш­тво­то е изра­зи­то ин­ди­ви­ду­ал­на ра­бо­та и се­кој автор е свет за се­бе, со свои спе­ци­фи­ки и опре­дел­би, со свои мо­тив­ско-те­мат­ски и стил­ско-израз­ни ка­ра­кте­ри­сти­ки и, што е осо­бе­но важ­но, со свое ме­сто на ска­ла­та на вред­но­сти, кое, ме­ѓу­тоа, е по­сто­ја­но из­ло­же­но на евен­ту­ал­ни по­ме­сту­ва­ња што ги ус­ло­ву­ва но­ва­та кон­сте­ла­ци­ја во раз­во­јот на ли­те­ра­ту­ра­та со по­ја­ву­ва­ње но­ви авто­ри, но­ви де­ла, но­ви естет­ски до­стре­ли. Во си­от тој про­цес се ја­ву­ва­ле и ќе ја­ву­ва­ат спро­тив­ста­ве­ни ста­во­ви, кои по­вре­ме­но пре­ми­ну­ва­ле во же­сто­ки по­ле­мич­ки су­ди­ри, но за умет­но­ста тоа е со­се­ма при­род­но и про­ду­ктив­но. Раз­лич­но­ста во оваа об­ласт прет­ста­ву­ва ко­хе­зи­ска си­ла, бо­гат­ство и се­ко­гаш отво­ре­на мож­ност и пот­тик за но­ви по­стиг­ну­ва­ња. От­ту­ка, ни­кој и ни­ко­гаш не­ма пи­са­те­ли­те да ги ста­ви под ка­па­та на ед­на оп­ци­ја, ни­ту идеј­на, ни­ту естет­ска, и тоа е фа­ктот што ДПМ, ка­ко асо­ци­ја­ци­ја, и неј­зи­ни­те мно­гу­број­ни чле­но­ви го по­ка­жаа на нај­у­бав мо­жен на­чин во си­от из­ми­нат пер­и­од од се­дум де­це­нии. Во овој кон­текст из­во­нре­ден при­мер е ма­ке­дон­ска­та кни­жев­на кон­фрон­та­ци­ја од пе­де­сет­ти­те и од ше­е­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, ко­ја, глав­но, се ар­ти­ку­ли­ра­ше пре­ку дејс­тву­ва­ње­то на Друш­тво­то на пи­са­те­ли­те на Ма­ке­до­ни­ја. Во тој пер­и­од, со по­ле­ми­ки­те низ кои, то­гаш сѐ уште мла­да­та ма­ке­дон­ска кни­жев­ност, ги отво­ра­ше сво­и­те гле­ди­шта и го фа­ќа­ше че­ко­рот со раз­ви­е­ни­те европ­ски ли­те­ра­ту­ри, се ја­ву­ваа и се афир­ми­раа зна­чај­ни ими­ња, кои де­нес прет­ста­ву­ва­ат до­сто­инс­тво на ма­ке­дон­ски­те ли­те­ра­ту­ра и кул­ту­ра. Оп­штес­тве­ни­те, еко­ном­ски­те, со­ци­јал­ни­те и по­ли­тич­ки­те те­ко­ви се еле­мен­ти на тоа што, ус­лов­но, зна­чи оп­шта рам­ка и ние тоа го раз­би­ра­ме ка­ко ре­ал­ност во ко­ја ДПМ су­штес­тва­ва со умет­нич­ка и со кни­жев­на деј­ност, што е ва­жен и пре­поз­нат­лив бе­лег во ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра.

Vele-Smilevski-1

Ка­ко пи­са­тел­ска асо­ци­ја­ци­ја на­сто­ју­ва­те да соз­да­де­те кли­ма за со­о­чу­ва­ње со важ­ни­те и не­од­мин­ли­ви пра­ша­ња за ста­ту­сот на пи­са­те­лот, за не­го­во­то ме­сто и уло­га во кул­тур­ни­те и оп­штес­тве­ни про­це­си, за до­сто­ен трет­ман на кни­га­та и за за­шти­та на автор­ски­от труд. Кој е Ва­ши­от став за овие пра­ша­ња?

Сми­лев­ски: Ос­но­вен при­о­ри­тет во про­гра­ма­та и дејс­тву­ва­ње­то на ДПМ, во си­те фа­зи во из­ми­на­ти­те се­дум де­це­нии бе­ше пре­зен­та­ци­ја и афир­ма­ци­ја на кни­га­та, на кни­жев­но­то де­ло ка­ко умет­ност на пи­ша­ни­от збор, со естет­ски вред­но­сти што прет­ста­ву­ва­ат не­од­мин­ли­ва, су­штин­ска и сил­на ком­по­нен­та во одре­ду­ва­ње­то на ста­ту­сот на пи­са­те­лот во оп­штес­тве­ни­те и кул­тур­ни про­це­си, што, пак, ди­рект­но вли­јае и на за­шти­та­та на не­го­ви­от автор­ски труд. Вред­нос­ни­от ас­пект бе­ше и оста­ну­ва ос­но­вен бе­лег во раз­лич­ни­те фор­ми на ре­а­ли­зи­ра­ње на про­гра­ма­та и тоа е тоа што дејс­тву­ва мо­ти­ви­рач­ки во по­стиг­ну­ва­ње­то но­ви рам­ни­шта во акту­ел­ни­те про­це­си на со­вре­ме­на­та ма­ке­дон­ска ли­те­ра­ту­ра во си­те жа­нро­ви, во об­ла­ста на по­е­зи­ја­та, ро­ма­нот, рас­ка­зот, дра­ма­та, во ли­те­ра­ту­ра­та за де­ца. Зна­чи, ко­га збо­ру­ва­ме за актив­но­сти­те со кои пул­си­ра до­мот на ма­ке­дон­ски­те пи­са­те­ли, ние, пред сѐ, збо­ру­ва­ме за кни­жев­но до­сто­инс­тво што го прет­ста­ву­ва ли­це­то на ДПМ и на не­го­ви­те 540 чле­но­ви од си­те ге­не­ра­ции. Во те­кот на оваа, ние ја на­ре­ку­ва­ме ју­би­леј­на го­ди­на, на­ша­та асо­ци­ја­ци­ја ќе ја об­ја­ви кни­га­та „Ма­ке­дон­ски пи­са­те­ли“ со ис­црп­ни био-биб­ли­о­граф­ски бе­ле­шки на си­те чле­но­ви и тој збор­ник ќе би­де по­ка­за­тел за тоа ка­ков влог за ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра прет­ста­ву­ва ДПМ. Таа кни­га ќе би­де по­ка­за­тел за тоа де­ка ни­за круп­ни лич­но­сти ги вгра­ди­ле сво­и­те ими­ња и сво­и­те де­ла во ле­то­пи­сот на ма­ке­дон­ска­та пи­са­тел­ска асо­ци­ја­ци­ја и тоа е гор­дост не са­мо за ДПМ, ту­ку, пред сѐ, на ма­ке­дон­ска­та ли­те­ра­ту­ра и кул­ту­ра. По­тсе­ту­вам на овие ос­но­ви, врз кои се раз­ви­ва­ше и оп­сто­ју­ва­ше ДПМ, за да мо­жам ди­рект­но да од­го­во­рам на ва­ше­то пра­ша­ње, де­ка, всуш­ност, ста­ту­сот на пи­са­те­лот се гра­ди и се бра­ни са­мо со вред­но­сти.

 

ДПМ во из­ми­на­ти­те се­дум де­це­нии обе­ди­ни го­лем број пи­са­те­ли и ин­те­ле­кту­ал­ци, кои сво­и­те за­лож­би ги ос­тва­ру­ва­ле во си­те кни­жев­ни жа­нро­ви тво­реј­ќи на сво­јот мај­чин ја­зик. Во ус­ло­ви ко­га се со­о­чу­ва­ме со мно­гу­број­ни пре­диз­ви­ци, на­ша­та ли­те­ра­ту­ра во све­тот бе­ле­жи ус­пе­си. Да­ли е тоа, мо­же­би, уште еден до­каз де­ка, на­ви­сти­на, „ја­зи­кот е на­ша­та единс­тве­на та­тко­ви­на“?

Сми­лев­ски: Ја­зи­кот, се мис­ли на жи­ви­от и жи­во­тво­рен ја­зик, не приз­на­ва вре­мен­ски и про­стор­ни гра­ни­ци. Ова оп­што ме­сто, кое се од­не­су­ва на си­те ја­зи­ци, има осо­бе­но зна­че­ње за ма­ке­дон­ски­от ја­зик, со ог­лед на исто­ри­ски­те тра­у­ми и не­прав­ди над со ве­ко­ви уг­не­ту­ва­на­та и рас­пар­чу­ва­на ма­ке­дон­ска зем­ја. Та­му ка­де што се збо­ру­ва, се пи­шу­ва и се чи­та на­ши­от мај­чин ја­зик, та­му е на­ша­та та­тко­ви­на. Ма­ке­дон­ски­от ја­зик про­дрел на ре­чи­си си­те ме­ри­ди­ја­ни и, што е осо­бе­но важ­но, се за­др­жал низ вре­ме­то, се раз­ви­вал, се осо­вре­ме­ну­вал, се нор­ми­рал ка­ко си­те дру­ги ја­зи­ци во све­тот. Ма­ке­дон­ски­от ја­зик има сво­ја бо­га­та исто­ри­ја, ви­со­ко на­уч­но ве­ри­фи­ку­ва­на и пре­ве­ду­ва­на во све­тот, на­пи­ша­на од пр­ви­от пре­тсе­да­тел на ДПМ, го­ле­ми­от по­ет, лин­гвист и кни­же­вен на­уч­ник Бла­же Ко­не­ски, најб­ле­ска­ва­та лич­ност на ма­ке­дон­ски­от 20 век, чи­е­што на­уч­но и по­ет­ско де­ло се над­гра­ду­ва на ос­тва­ру­ва­ња­та на ма­ке­дон­ски­те ве­ли­ка­ни Кр­сте Ми­сир­ков и Ко­чо Ра­цин. Од ас­пе­ктот на Друш­тво­то на пи­са­те­ли­те на Ма­ке­до­ни­ја, факт е де­ка не­го­во­то фор­ми­ра­ње во 1947 го­ди­на има мно­гу под­ла­бо­ки ко­ре­ни со иде­ја­та за здру­же­но дејс­тву­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та ин­те­ли­ген­ци­ја и твор­ци­те, во пер­и­о­дот пред да има­ме ко­ди­фи­ку­ван ма­ке­дон­ски ја­зик, во те­кот на 19 и пр­ви­те де­це­нии на 20 век. Име­но, тре­ба­ше да се из­ми­не долг пер­и­од, од вре­ме­то на Пеј­чи­но­виќ и на Џи­нот, Ми­ла­ди­нов­ци и Пр­ли­чев, Ми­сир­ков и Чу­пов­ски, Ра­цин и Вап­ца­ров, сѐ до де­нот на фор­ми­ра­ње­то на ДПМ, ко­га за прв­пат во сво­ја­та исто­ри­ја ма­ке­дон­ски­те пи­са­те­ли го одре­ду­ва­ат, пре­ку ин­сти­ту­ци­о­нал­но здру­жу­ва­ње, ста­ту­сот на тво­ре­цот ка­ко под­виж­ник на раз­вој­ни­те про­це­си во об­ла­ста на умет­но­ста и на кул­ту­ра­та. Од де­не­шен ас­пект, еви­дент­но е де­ка из­ми­на­ти­те се­дум­де­сет го­ди­ни на ДПМ се ис­пол­не­ти со бо­га­та и зна­чај­на деј­ност, ко­ја, во име­то на прет­ход­ни­ци­те, нѐ об­вр­зу­ва нас и ге­не­ра­ци­и­те што до­а­ѓа­ат по нас.

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(Текст објавен во 235. број на неделникот „Република“, 3.3.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top