| четврток, 6 декември 2018 |

Закопани воените секири во Јувентус, Бонучи како казна мора да ја чести вечера цела екипа

bonuci

Страстите во Јувентус целосно се смирија откако Леонардо Бонучи и тренерот Масимилијано Алегри ги закопаа воените секири. Дефанзивецот, кој во меѓувреме се врати и во првиот тим на „старата дама“, потврди дека недоразбирањата ги оставил зад себе и целосно е фокусиран кон иднината. Како дел од договорот за „примирје“, италијанскиот репрезентативец се согласил како казна за своето однесување да го однесе целиот тим на Јувентус на вечера.

– Откако го разрешивме проблемот, мојот однос со Алегри е подобар од претходно. Секогаш сум велел дека од негативните работи треба да се извлече она што е позитивно. Јас сум таков како човек, навикнат сум да се борам, жал ми е за тоа што се случи, но целиот тој инцидент само уште повеќе го зацврсти нашиот колектив. Тренерот е тој што ги донесува одлуките за доброто на групата, тој ми ја одреди казната и јас се согласив на неа – следната седмица ќе платам вечера за целата екипа – изјави Леонардо Бонучи.

Одличниот дефанзивец откри и дека се чувствувал многу лошо откако како дел од казната бил принуден да го гледа мечот со Порто во ЛШ од трибините на стадионот во Португалија.

– Седев и гледав, а место не ме држеше. Не можам да гледам толку значаен натпревар од страна, но дефинитивно извлеков поука од целата ситуација – истакна Бонучи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top