| четврток, 6 декември 2018 |

Баравте украинско сценарио: Ако влезе НАТО, тоа не е одбрана туку агресија

Шефот на државата Република Македонија, Ѓорге Иванов, ѝ се обрати на нацијата. Рече дека ни Уставот ни честа и совеста не му даваат право ни да помисли, а не, пак, да му довери мандат на човек што работи против интегритетот и суверенитетот на државата, пишува Мирка Велиновска во колумната „НATO, EУ, САД! – Убијте ги Македонците што не ви ја даваат Македонија!“ објавена во „Дневник“.

Уште рече дека не постои таков притискач и уценувач кој може да го исплаши или да го натера да ја смени одлуката. Кажа дека прифаќањето странски платформи е кривично дело, со што фактички ги повика обвинителствата да си ја вршат работата. Шамарчина која уште ечи! Обраќањето на Иванов е историско во вистинска смисла на зборот. Така оцени нацијата. Стана вест на денот во Европа. Документот треба веднаш да стане дел од поставката на историскиот Музеј на македонската борба. Со вакви документи сме дефицитарни оти политичарите и водачите ни се скромни. Во изразот, де. Изгледа ќе треба да размислуваме за уставни амандмани во врска со ингеренциите на шефот на државата во одбраната и надворешната политика на земјата оти уставотворците го направиле безмалку британска кралица. И не случајно. Човекот не може да прогласи ни вонредна состојба. Всушност може, ама само ако се работи за природна катастрофа.

Каква странска интервенција барате сега, бре? Нели сонувавте за украинско сценарио. Чекајте малку да почне војната. Или не може, а? Наместо да се раскараат, Македонците поради вашата „великоалбанска платформа“, итно се смирија. Ебате планот на големиот планер! Ене ги дечките од легендарната „Едноока“ контрабанда Борис и Богдан и заебантите Ванчо и Гоце кај докажуваат на дело дека големи водачи се раѓаат во кризни ситуации, а ги распознава масата луѓе со инстинкт и со срце што намирисува искреност, чесност и интегритет. Народот напросто не е стадо овци што ќе тргне по секого. Затоа, сега вие немате кого да испратите на сремскиот фронт. Не е сѐ до парите, до грантовите, до дрогата, визите, наградните патувања и гозби. Ги викате Албанците да ве штитат!? Еј, бре, муфљузи? Да бе, за вас ќе јадат ќотек! Ах, да, и Американците ги чекате. Џабе! Зафатени се дома со борба против вакви како вас. И тие ја викаат петта колона, снегулки, плачипички, односно предавничка банда. Вака да ви каже сега тетка Мирка. Ако случајно дојде американска цокула во Македонија, тоа ќе биде само за да го спроведе Џес Бејли на сослушување и судење во Вашингтон. И евентуално за ставање ред во амбасадата на Кале по сајгонската бежаниска навалица на македонските калемени сливи, жртвите на вуду-тренингот, домашни контрактори, слуги, шпиони. Од тие соображенија ние веќе сме воспоставиле набљудувачки пунктови за да го овековечиме и документираме овој мини-мигрантски бран што треба да го очекуваме. Особено ќе го следиме планот за бегство на госпоѓата Шекеринска, која ќе го прогласува за геноциден српскиот народ додека му подготвува геноцид на македонскиот. Таа дропја маскирана е како дама, ама сосема сигурно е неофашистички шљам со задача да поттикне широк балкански судир без да му ја мисли на последиците. Кешки времето да го поминеше корисно, та да научеше да вари компир или да научеше тежок албански или уште потежок кинески (мандарински) јазик. Уште поарно ќе беше да научеше да не јаде лајна. Ама, пустото, нели од карактер нема каде да се побегне!?

Чекајте! Тој Фрчко нели беше божем интелект? Па и уставоклепец беше. Сетики некого советуваше и исмеваше. Ме чуди како уште не знае дека ако нарипа НАТО или друга странска војска во Македонија за одлуката на шефот на држава кој ги брани Уставот и поредокот и кого го подржуваат мнозинството граѓани, ќе се смета тоа за агресија. Во таков случај дури и агресорот ќе го папа на меѓународно ниво. А и вие шкопеници на ЦИА/УСАИД/СОРОС оти сте им при рака на жртвите на агресија. Не само во Македонија туку и во дијаспората. Штом уште се крстите во САД, а не ни знаете дека таму сега претседател е Доналд Трамп, изгледа сериозно сте оштетени и ви нема поправка. Производството и пласманот на лажни вести и психолошка пропаганда нема да ви ја сменат реалноста. Ова е моја порака до Геро и Ацика Кабран: Марк Тонер не е портпарол на Стејт департментот. Е заменик на портпаролот и политичка останка (лефтовер) на Обама и Хилари. Чека отказ.

Неговата изјава е нерелевантна зашто не ја одразува политиката на новата власт. Македонците ја примија како фејк њуз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top