| четврток, 6 декември 2018 |

Почина легендата на Франција и Реал Мадрид, Рејмон Копа

rejmond kopa 1

Рејмон Копа, легендата на францускиот фудбал и поранешен член на Реал Мадрид, синоќа почина на 85-годишна возраст.

Копа ќе биде запаметен како еден од најдобрите голгетери во историјата на фудбалската игра и фудбалер кој каде и да играше освојуваше трофеи. Кариерата ја започна во Ангерс, па потоа премина во Реимс каде во 1953 и 1954 беше првак на Франција, а играше и финале од Купот на Шампионите, но со 4-3 загуби од Реал Мадрид.

Во 1956 година премина во редовите на Реал Мадрид каде со „кралскиот клуб“ успеа да освои три трофеи во Купот на шампионите 1957, ’58. и ’59. Одличните игри во шпанскиот гигант на Копа му донесоа и „Златна топка“ (1958), а со својата репрезентација се закити со бронзениот медал од Светското првенство во Шведска. Во својата богата кариера Французинот преку 600 натпревар и во кои постигна 141 гол.

rejmond kopa

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top