| четврток, 6 декември 2018 |

Поради грешка на лекарите, ја запалиле жива – жена умрела во најголеми маки

zena
Жената во Индија била запалена неколку часа откако лекарите официјално ја прогласиле за мртва.

24-годишната Рачна Сисодиа била прогласена за мртва по инфекција на белите дробови. Се лечела во болница во градот Греатер Ноида на северот на земјата.
Нејзиниот сопруг, 23-годишниот Девеш Чаудари, го преземал нејзиното тело и го возел два часа до местото каде било кремирано.

Според информациите на индиските медиуми, некој во еден момент го извлекол телото на жената од огнот, тврдејќи дека е жива. Но, таа повеќе не давала знаци на живот. Сепак, по обдукцијата направена подоцна се утврдило дека сепак дишела.
Докторите подоцна утврдиле дека умрела од изгорениците. Во белите дробови ѝ пронашле траги од чад.
-Тоа се случува кога некој е запален жив. Честички влегуваат во дробовите со дишење. Ако е лицето мртво, тоа не би се случило. Докторите заклучиле дека жената е запалена жива- рекле од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top