Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ остро ги осуди последните навреди од страна на Зоран Заев, како и на Шилегов.
Тие во својот статус на „Фејсбук“ пишуваат: Заев нè навреди нарекувајќи нè бандити, Шилегов нè нарече фашисти, а денес 100 илјади народ имаше по улиците на Македонија, гордо и достоинствено, со љубов за нашата заедничка држава.
Тој со платформи за парчење од кои, како што гледаме, не се откажува, плус со богато досие на суд, а нас нè нарекува бандити и фашисти… Па нема толку навреди во речникот, колку што нè има во одбрана на нашата заедничка земја.
Им благодариме од срце на сите граѓани што вечерва низ цела држава излегоа да кажат каква Македонија сакаат и во каква земја веруваат.
Утре излегуваме уште помасовно за да им пратиме најсилен одговор на тие што нè нарекуваат бандити и фашисти дека нема да им помине обидот љубовта кон татковината некој да ја нарекува фашизам.
Да живее заедничка Македонија!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.