| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Најдобра опција би биле нови парламентарни избори заедно со локалните

Брзи избори за излез од политичката криза е еден од најдобрите начини да се излезе од кризата, оцени Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ.

Во интервју за ТВ НОВА, Тодоров истакна дека претходните избори не донесоа крај на кризата и покрај очекувањата, туку напротив ја продлабочија. Вели, за тоа има повеќе причини, но една од основните е платформата направена и подготвена во друга држава, со премиер од друга држава.

-Се работи за постизборна платформа за којашто граѓаните не беа информирани и немаа можност да се изјаснат по тоа прашање. Имајќи го тоа в предвид најдобра опција би биле парламентарни избори заедно со локалните. На тој начин би немало дополнителни трошоци и не би се губело време. Веруваме дека само така резултатите ќе бидат појасни- смета Тодоров.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top