| четврток, 6 декември 2018 |

Излета воз во Балтимор- регистрирани експлозии (фото+видео)

Товарен воз излета од шини во предградието на Балтимор во американската сојузна држава Мериленд. За сега нема информации за повредени и загинати. Според првичните информации, до несреќата дошло откако возот удрил во камион со приколка, по што вагоните излетале од шините.

voz3 voz2 voz-baltimore-main-ap

Несреќата се случила околу 14 часот по локално време, а набрзо по излетувањето на возот имало и силна експлозија во тој дел од градот. Според американските медиуми на местото на инцидентот од силината на експлозиите биле тешко оштетени неколку згради и автомобили.

На видео снимката се гледаат најмалку пет вагони кои се надвор од шините и густ чад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top