| четврток, 6 декември 2018 |

Мет Дејмон во љубовна прегратка со Мајкл Даглас (видео)

Мет Дејмон се набилда и го зема во прегратки Мајкл Даглас.

Неговата глума во филмот Зад канделабрите во режија на Стивен Содерверг е оценета како извонредна. Дејмон го глуми ликот на љубовникот на пијанистот Либерачи, Скот Торсон, за што требаше прилично да нафрли мускули но и да се разголи во филмот. Критичарите се воодушевени од неговата изведба на љубовник вовлечен во светот на дрогата и паранојата на опседнатиот Либерачи. Пијанистот пак го глуми Мајкл Даглас за кого исто така има одлични оцени од критичарите.

Филмот не влегол во конкуренција за Оскар затоа што холивудските студија одбиле да го снимаат под изговор дека е „премногу геј“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top