| четврток, 6 декември 2018 |

Загина тракторист, сопатникот се бори за живот

Тракторист загинал на лице место, а негов сопатник се бори за живот откако тракторот со кој се превезувале тројца кумановци излетал од пат и се превртел, информираат од МВР.

Сообраќајката се случила околу 14 часот додека тракторот се движел по шумски пат во близина на кумановското село Живиње.

Причините за несреќата за сега не се познати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top