| четврток, 6 декември 2018 |

Поголемиот дел од Центар утре без вода

Поради зафати во водоводната мрежа, утре од 9 часот без вода ќе бидат дел од корисниците на ул. „Аминта Трети“ и околу градскиот парк во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување од ЈП „Водовод и канализација“.

Прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради поврзување мрежа од Ф-150мм на ул. „Аминта Трети“ во Градски парк, а вода ќе немаат корисниците од Градско сообрание, стадион, Лунапарк, ресторан „Уранија“ и ул. „Аминта Трети“.

Според најавата на РЦУК, корисниците ќе немаат вода од 9 часот до санирање на дефектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top