Добрата голгетерска форма на Илија Несторовски му донесе голем интерес од големи екипи ширум Европа. Веќе не е тајна дека Атлетико Мадрид, Севилја, Наполи и Евертон сакаат да го видат нашиот фудбалер во нивните редови.
Сега, италијански „Тутоспорт“ пишува дека македонскиот напаѓач ќе остане во Серија А и ќе биде замената на Никола Калиниќ во екипата на Фиорентина. „Виолетовите“ од Фиренца планираат мала револуција ова лето, а сакаат што поскоро да си го обезбедат напаѓачкото место, доколку Калиниќ одлучи да ги прифати милионите од Кина.
Несторовски досега има постигнато 10 гола во дресот на Палермо и е единствениот фудбалер со двоцифрен број на голови. Од Сицилија се свесни за квалитетот, кој што го поседува прилепчанецот, и нема така лесно да се откажат од неговите услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Ви остануваат уште неколку дена: Еве до кога и каде треба да ги замените старите 10 и 50 денари!
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот