Градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски утре официјално ќе ја промовира новата партија која ќе го носи името ГРОМ или Граѓанска опција за Македонија. Партија ќе биде профилирана како партија на центарот и ќе атакува да ја освои власта затоа што опозициското место било резервирано за СДСМ.

Професори, интелектуалци, спортисти, јавни личности се дел од новото јадро на Граѓанската опција за Македонија, Јакимовски за Канал 5 изјави дека партијата сега брои 1.000 членови, и над 3.000 поддржувачи.
Но очекува до септември да собере и повеќе од 20 000 членови. Историчарот Тодор Чепреганов, екс државниот секретар Зоран Поповски, ракометарот Стефче Алушевски, кој веќе две децении игра за македонската репрезентација се дел од имињата на луѓето што го сочинуваат тимот на новата партија на Јакимовски.
Промоцијата на „ГРОМ“ е утревечер во Александар Палас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Не со кривични пријави, со тенкови да тргнат на мене, на 30 септември не излегуваме на гласање!
-
Јакимовски: Уште два живота да има Богоев, нема да го постигне мојот успех
-
Јакимовски: На власт дојде режим кој е подготвен да продаде сè живо, само за да може подолго да владее (видео)
-
Јакимовски: За изборните нерегуларности мора некој да одговара


