Опозициските медиуми што работат под директива на предавничкиот СДСМ и Сорос, и во овој историски момент за државата покажаа дека е фарса нивната борба за непристрасно информирање.
Лавина од реакции предизвика обраќањето на претседателот на РМ, Ѓорге Иванов, кој на јавноста ѝ ја соопшти својата одлука да не го даде мандатот на некој што го урива државниот поредок. Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ напиша:
„Во однос на последните случувања во Македонија: „Сите лидери, вкучително и претседателот, мора да го почитуваат исходот од неодамнешните избори. Во една демократија, парламентарното мнозинство мора да биде признаено дури и ако тоа не му се допаѓа. Оттука, очекувам сите лидери и институции, во интерес на граѓаните, да дозволат да течат демократските процеси“.
Соросовите портали ја пренесоа оваа порака со сензационалистички наслови кои имаат цел да ја дезинформираат јавноста дека претседателот Иванов не постапил државнички, туку, како што рече самиот Заев, предавнички и не ја почитувал волјата на граѓаните.
За волја на вистината, претседателот Иванов го стори токму тоа – ја испочитува волјата на граѓаните и најважно од сѐ исходот од изборите, на кои ВМРО- ДПМНЕ победи со 454.577 гласа и освои 51 пратенички мандат, а СДСМ со 436.981 освои 49 мандати. Партијата на Али Ахмети, ДУИ со 86.796 гласа освои 10 пратенички места во парламентот. Беса има пет места (57.868 гласа), партијата на Зијадин Села, Алијанса за Албанците, освои три места, а таа на Мендух Тачи две.
Истите овие медиуми не се воздржуваа со навредливи насловни страници да ги искоментираат неговите изјави, кои не одат во прилог на нивната платеничка пропаганда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.