Новак Ѓоковиќ продолжи со добрите игри на турнирот во Акапулко, обезбедувајќи место во четвртфиналето по фантастичниот меч против Хуан Мартин дел Потро. Српскиот тенисер вообичаено се соочува со проблеми кога игра со Аргентинецот, а исклучок не беше ниту мечот во Мексико на кој Дел Потро прв поведе, овојувајќи го стартниот сет со 6-4.
Ѓоковиќ, кој игра многу променливо во последните десетина месеци, покажа карактер и заигра врвен тенис, успевајќи целосно да го сврти мечот и на крајот заслужено да се радува на победата од 2-1 (4-6, 6-4, 6-4) во сетови.
– Секогаш кога играте со Дел Потро, свесни сте дека ќе има емоции, тензија, но исто така и многу квалитетен тенис. Презадоволен сум бидејќи денеска јас стигнав до победата – истакна вториот светски рекет.
Следен предизвик за Ѓоковиќ ќе биде четвртфиналната пресметка со Ник Киргиос, проблематичниот Австралиец со кого Србинот ќе го игра првиот меѓусебен дуел во кариерата.
Надал немаше никакви проблеми против Лоренци победувајќи го убедливо со двапати по 6-1 во сетови, а хрватското дерби меѓу Марин Чилиќ и Борна Чориќ му припадна на поискусниот во меч од три сета (6-3, 2-6, 6-3).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.