Приштина ја обвинува Србија дека и го блокира учеството на Охридскиот самит и дека со тоа го прекршува бриселскиот договор, а Белград категорично ги отфрла обвинувањата. Европските официјални лица велат дека технички договорот не е прекршен, но дека регионалната соработка подразбира учество на сите држави.
Косово го обвинува Белград дека не добиле покана за присуство на самитот во Охрид што ќе се одржи викендов затоа што Србија и уште две држави дале „основана забелешка“ која предвидува на овој собир да имаат право на учество само суверени и признати држави.
Од кабинетот на косовската претседателка Атифете Јахлага вчера беше соопштено дека Косово нема да учествува поради приговорот на Србија и на Босна и Херцеговина. Таа оценила дека препреката е „во спротивност со постигнатиот договор со Брисел на основа на кој ниту една страна нема да го попурачува или блокира напредокот на патот кон интеграциите“ и дека „Охридскиот самит не допринесува за изградба на односите во регионот“.
Потпретседателот на владата на Србија Александар Вучиќ денеска порачал дека Србија не го крши бриселскиот договор, а Косово нема да учествува на самитот поради одлуката на Македонија која е организатор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


