| четврток, 6 декември 2018 |

Спектакуларна снимка со дрон од жешкиот кратер на Етна

Вулканолозите сметаат дека ерупцијата на легендарната Етна би можела да трае со денови и недели. Првата ерупција беше забележана уште во понеделникот. Етна исфрла големи млазови од лава високо во небото, ерупциите може да се видат дури и од градот Катанија.

Ерупциите на најпознатиот европски вулкан може да предизвикаат и проблеми во воздушниот сообраќај поради вулканскиот прав.

Старовулканот Етна е висок 3.300 метри и може да се каже дека никогаш не „спие“.

Етна е меѓу најактивните вулкани на светот, константно е активна речиси половина милион години, истакнуваат научниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top