| четврток, 6 декември 2018 |

Педофил ги држел своите жртви во дупка во ѕид (Видео)

Британскиот педофил и силувач, 57-годишниот Мајкл Дан, кој е осуден за злоставување на четири жени во период од неколку децении, полицијата можела да го уапси уште пред 24 години, но не реагирале на пријавата.

Дан ги започнал своите гнасни злосторства и силувања уште во 1978. година, кога имал само 18 години. Се верува дека до апсењето силувал најмалку 10 лица, бидејќи живеел на неколку локации ширум Англија.

Дан таа 78. година силувал 10-годишно девојче, а додека ја злоставувал и велел дека “тоа го прават момчињата и девојчињата”. Негови жртви биле малолетнички, а силувал и една 26-годишна девојка.

Откриено е дека овој британски Џосеф Фрицл држел две тинејџерки како сексуални робинки во специјално ископана дупка во ѕидот зад фрижидерот. Тој дупката ја направил со чекан и потоа ја покрил со плочки.

Дан во 1993. година прво во куќата намамил едно 14-годишно девојче кое побегнало од дома. Ја злоставувал и силувал, но таа некако успеала да побегне.
Раскажала за тоа дома, и нејзината мајка веднаш пријавила во полиција, но тие не реагирале.

Дан подоцна на ист начин намамил уште едно 14-годишно девојче, со алкохол и цигари. Неа ја чувал затворена во својата куќа и секојдневно ја злоставувал.

Полицијата 8 или 9 пати ја барала девојката во неговиот стан, но безуспешно. Данн ја сокрил во дупката зад фрижидерот.

Дури и поставил две кучиња за да им го одземе вниманието на полицајците.

Судијата рекол дека тој е манипулативен и насилен, и дека ги тепал своите жртви ако му се спротивставеле.

Соседите и роднините велат дека бил чуден и склон на алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top