| четврток, 6 декември 2018 |

Со пароли „Македонија не ја даваме“ и патриотски песни се протестираше во Кочани

Под мотото „Црвената линија ја поминавте­ црвено-­жолтата не“ десетина здруженија на граѓани од Кочани вечерва низ улиците на градот преку мирен протест упатија сенароден повик за обединување во борбата против редефифинирање на државата. Мирниот протест во кој учествуваа и граѓани на Кочани и членови на ВМРО-­ДПМНЕ започна од градскиот парк, низ улиците на градот и заврши на истото место од каде што и започна. Силниот пороен дожд спречи да има обраќање пред присутните, кои по едночасовен протест си заминаа. На протестот се пееја патриотски песни, а преку напишаните пароли „Македонија не ја даваме“, „Проклети да се предавниците“, беше искажан револтот на граѓаните на Кочани кон одлуките на Зоран Заев и СДСМ за воведување на албанскиот јазик на територијата на цела Македонија. Голем број од присутните граѓани на протестот изјавија дека протестираат против поделбата на земјата и најавената двојазичност и употребата на албанскиот јазик во Кочани и во градовите во источна Македонија, каде речиси и да нема Албанци. Тие апелираа претседателот, Ѓорѓе Иванов да не му го даде мандатот на Зоран Заев. Протестот во Кочани помина мирно, а се најавуваат и нови протести за наредните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top