| четврток, 6 декември 2018 |

Васил Зафирчев, актер: На протест сум, бидејќи така ми говори срцето

Вечерва граѓаните во Велес излегоа на протестниот марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Меѓу нив беше и актерот Васил Зафирчев.

– Јас знам зошто сум вечерава тука, не затоа што некој ме повика, туку затоа што така ми говори срцето. Така е и со сите мои сограѓани велешани кои во голем број и покрај дождот, ја пратеа поворката која тргна од пред споменикот на Панко Брашнар и неговата идеја за национално обединување, па се до споменикот на Илинденците кои ги дадоа своите животи за слободата која денес ја живееме, а особено пред споменикот на Коста Солев Рацин, основоположникот на македонската литература и поезија. Универзална е пораката на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Тоа е порака за Македонија, не наша и нивна, не моја и твоја, туку Македонија наша заедничка – вели Зафирчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top