Одлуката на претседателот Иванов е државничка, коректна и како единствено можна во ова ситуција што може претседателот да ја направи со согласност со неговите овластувања и неговата заклетва да ја штити, унитарноста, целокупноста и одредбите на Уставот што се однесуваат на суверенитетот на граѓаните, вели во изјава за Курир универзитетскиот професор по уставно право и поранешен претседател на Собранието Саво Климовски.
-Претседателот на Република Македонија токму на време постапи кога се соочи со арогантноста на подносителите на тие потписи од страна на претседателот на СДСМ Заев, дека не му ја доставува платформата што постизборно и без легитимитетот на граѓаните го нарушува суверенитетот. Иванов постапи сосема правилно, со овој свој чин практично ја обелодени платформата врз основа на која се обидоа одредени надворени сили заедно со овие наши велеправници, најгрубо кажано, да ја рушат сувереноста и унитарноста на Република Македонија. Од тој аспект јас оваа платформа, која со право го крева револтот кај граѓаните, би се обидел да ја сместам во член 20 став трети, каде се говори дека тие партии кои настапуваат со ваква платформа, дали во своите цели за формирање треба и да се бришат од регистерот на партии или пак јавно да е откажат од овие цели. Не може вие платформи да правите мамејќи ја државата преку своите документи кои ги доставувате за регистрација дека сте политичка партија, која прво што треба да каже е дека ќе го почитува Уставот на Република Македонија. Мора да се доведе во прашање и легалитетот и легитимитетот на тие политички партии, вели Климовски за КУРИР.
Универзитетскиот професор додава дека претседателот на државата постапил сосема исправно, државнички како човек кој секогаш го чувствува духот на народот, а духот и колективната свест на народот се непогрешливи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Климовски: После денешните случувања, доаѓањето на пратениците на СДСМ во Собранието нема никаква цел
-
Климовски: Најсоодветно решение се нови парламентарни избори
-
Климовски: Пратениците на СДСМ се виновни за случувањата во Собранието
-
Климовски: Масовноста и интензитетот на протестите се гарант дека ќе се оствари барањето