Наполи загуби во првиот меч од полуфиналето на Купот на Италија од Јувентус со 3-1, по пресвртот кој го направи „старата дама“ во своја корист во второто полувреме, кога беа му беа досудени два пенали. „Наполитанците“ сметаат дека судијата одиграл значајна улога на овој дуел, ги оштетил многу и размислуваат дури и за настап со младински тим на реваншот што ќе се одигра на „Сан Паоло“.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, не беше присутен на натпреварот, поради службена посета на САД, но веќе најавил дека Наполи во знак на протест реваншот ќе го одигра со играчи од младинскиот погон.
Ваков преседан се случи во шеесеттите години на минатиот век кога Интер играше со младински тим против Јувентус и загуби со 9-1. На првиот натпревар од тој дамнешен дуел упаднале навивачи на теренот, а Интер барал да го добие со службен резултат, што не се случило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.