Ерупцијата завчера започнала околу 19 часот, а од вулканскиот кратер се уште излегува чад.
Ерупцијата што се случила на југоисточниот кратер може да се види и со голо око од сицилијанските градови Катанија и Таромина.
На видео снимките поставени на социјалните мрежи се гледа црвена лава која со голема брзина се исфрла нагоре.
Вулканолозите оваа ерупција ја карактеризираат како експлозивна, што значи дека лавата и пепелта се исфрлаат со голема сила.
Според италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија ерупцијата во моментот не претставува опасност за населението и за имотите. Во функција е и аеродромот во Катанија кој се наоѓа во непосредна близина.
Етна на Сицилија се наоѓа во речиси непрекината активна состојба, што значи дека често го менува обликот во однос на кој било друг вулкан.
Во текот на еден таков налет во јануари за кратко беа евакуирани локалните училишта.
Заедно со Везув, Етна е еден до 16 вулкани во светот означени од страна на ОН како вулкани на кои им се пристапува студиозно поради честата активност и судбина на населението кое живее во нивна близина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)