| четврток, 6 декември 2018 |

Пензионер живее во куќа од отпаден материјал и сам си прави струја (Видео)

Пензионер од Бугарија кој работел како машински техничар, сега сам си обезбедува струја.

Тој одлучил да го напушти градот, институциите и да не должи ништо – ниту за струја, ниту за храна.

Се радува на нулта сметки и тврди дека живее еколошки.

Куќата му е целосно направена од отпаден материјал. Ова сепак не го спречува да се качува неколку ката нагоре.

-Многу малку средства сум вложил. Куќата ја почнав околу 2000-та година – раскажува пензионерот.

Има и сопствен рибник, одгледува овошје и зеленчук. Тој живее самостојно, нема потреба од никого и од никакви услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top