Мирниот граѓански марш против промена на Уставот и заштита на името и суштината на државата во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва во Скопје почна од пред Владата на Република Македонија, продолжи кон канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов и заврши пред Собранието каде беше прочитан прогласот на оваа иницијатива.
Академскиот сликар Коле Манев ги прочита четирите точки од прогласот на иницијативата „За заедничка Македонија“. Со нив се бара да се отфрли платформата која е донесена во друга држава, а партиите да не усвојуваат владини програми кои не се излезени и изгласани од народот. Од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се бара да не се гласа законот за двојазичност во Македонија, а од претседателот Ѓорге Иванов да го почитува Уставот при доделувањето мандат за фомирање влада.
Пред огромниот број граѓани се обрати Борис Дамовски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Тој посочи дека сите Македонци, Албанци, Власи, Срби, Турци и други вечерва и вчера покажале што е граѓански собир.
– Овде постојат само две бои црвена и жолта. Бараме ние, жителите на оваа држава, да се доведе оваа земја во ред, било по кои избори без разлика кој за кого гласал да биде на власт, да се почитуваат демократските избори и резултати, да нема математики. Да живее Македонија, жолто црвена, Македонија на која никој нема по втор пат да и го смени знамето, истакна Дамовски.
Елена Мисиркова, пак, рече дека ќе направат се што е во нивна моќ државата да остане унитарна.
– Да го спречиме разнебитувањето на Македонија, да направиме се што е во наша моќ државата да остане унитарна и наша, за да живееме тука и понатаму слободно. Мојот славен предок уште пред 100 години не обврза да го сочуваме она што нашите предци со пролеана крв и по мачен пат го стекнаа, нагласи Мисиркова и додаде дека постулатите од прогласот се упатени до секој граѓанин.
Актерот Ванчо Петрушевски побара раководството и цело ВМРО- ДПМНЕ да се приклучи на иницијативата „За заедничка Македонија“.
– Го повикуваме раководството на ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да не поддржи, масовно во одбрана на унитарна и заедничка Македонија. Не се лажеме, нашата цел е искрена и оправдана и очекуваме секој кој ја сака својата татковина, кој ја почитува историјата, но и посакува иднина, да се приклучи кон нас, рече Петрушевски.
Т
ој додаде дека немаме друга татковина и сите заедно треба да се сплотиме за Македонија. – Ова се последните мигови кога можеме да ја одбраниме Македонија, таква каква што ни ја оставија нашите предци. Веќе не се работи за партии, политички кариери и функции, се работи за поважна работа, се работи за нашата Македонија, потенцира Петрушевски.
Протестни маршеви се одржуваат и во Прилеп, Кичево, Штип и Куманово, а нивно продолжување е најавено и за утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“